Крвта на бебето открива колку и како ќе живее
Живот
ТЕА Модерна   

Научниците откриле хемиски „отпечаток на прстот“ кој ги откриваа сите тајни на долговечноста на одделни лица.

Британски „Дејли мејл“ објави дека кај новороденчето може да се одреди колку ќе биде здраво до пред крајот на животот и колку долго ќе живее.

Така, едноставната анализа на крвта на новороденчето на родителите ќе им ја даде основната информација за потенцијалните болести во повозрасниот период. Со понатамошни истражувања, ова сознание може да доведе до развој на лек и спречување на разни болесни кои се чести во постарата животна доба, како проблеми со срцето или коските.

Научниците идентификуваа 22 метаболити, односно мала молекула поврзана со метаболизмот. Тие можат да бидат корисни показатели за тоа што не очекува во текот на стареењето. Еден од нив, поврзан со функцијата на градниот кош, густината на коските, крвниот притисок и нивото на холестерол, посебно е издвоен.

За тоа молекула, наречена C-gly Trp, научниците веруваат дека може да се одрази на забрзување на стареењето во повозрасната доба на човекот. Покрај неа, се зема предвид и тежината на новороденчето. Поголемото ниво на молекули е поврзано со помалата тежина при раѓањето на детето. Анализирана е крвта на 6.000 еднојајчани близнаци, врз основа на што научниците успеале да покажат дека добрата телесна тежина при раѓањето е многу важна за помалку болести во иднина и здраво стареење.

 

Од истата категорија
  Додека за кафето е поголемо уживање да се испива во поголеми голтки, истото правило не важи и за други пијалаци. Пивкањето кафе
Со само осум месеци, малиот принц Џорџ и уште еден официјален портрет со кралското семејство покажа дека е пофотогеничен од Кејт М
Мапите од “Атласот на предрасуди“ на графичкиот дизајнер и визуелен уметник од Бугарија, Јанко Цветков претставуваат малку отка
Научниците од британскиот универзитет Оксфорд предвидуваат дека на професиите коко што се продавач или касиер, оператор на телеф
- ЗА ВЕЛОСИПЕДСКО СКОПЈЕ - Последната среда овој месец, на 26 март Критична маса по 23-ти пат. Критична маса е возење точак. Се создава
 

Во најновото издание...