| Бијонсе - Подготвена за мајчинство |
| Show-Biz |
| Ана Марија Митевска |
|
По овогодинешното доделување на наградите „ВМА” името на Бијонсе се појави во сите печатените медиуми без при тоа таа да изусти ни збор. Само гордо го покажа стомакот и галејќи го „соопшти” дека е бремена Сосема нормално и типично е кога една ѕвезда објавува дека е бремена, целиот нејзин менаџерски тим да се консултира, се потпишуваат договори за ексклузивната вест и внимателно се одбираат соодветни фотографии. Наместо сето ова, Бијонсе за време на доделувањето на наградите “ВМА” само го погали стомакот и веќе во следната минута на сите социјални мрежи се појави веста за нејзината новост. Сепак, и овој потег не може да се каже дека беше спонтан, туку напротив, многу внимателно испланиран. „Многу размислував за тоа како да ја соопштам новоста. Бременоста е премногу важна за мене и затоа сакав сама да ја соопштам”, објаснува Бијонсе и додава: „Немав намера од сето тоа да направам голем бум и причина за главно озборување во пишаните медиуми. Можеби токму затоа само гордо го покажав стомакот. Почувствував дека беше многу помоќно да се забележи љубовта и ентузијазмот што го имам отколку да кажам нешто”. Новата фигура на телото не ја спречува оваа дива и понатаму да ги истакнува своите облини и изјавува: “Сега, сe што ме интересира се парчиња облека кои прекрасно им прилегаат на бремени жени. Последниве неколку месеци многу се забавував со модата. Бев бремена речиси на секој настан на кој настапував во последниве неколку месеци, почнувајќи од 'Билборд Авордс' до 'Гластонбури'“. На сите овие случувања Бијонсе имаше настапи на кои изведуваше целосна кореографија со играње, без при тоа ни најмалку да се забележи некаква промена од нејзина страна. Славна уште од тинејџерските години, Бијонсе се претвори во полноправна модна икона која дизајнерите ги остава со широко отворени очи. „Таа нема тело на типична манекенка, но ги инспирира сите дизајнери”, изјавува креативниот директор и стилист Јанки-Ахмед Тали. „Бијонсе е сила”, додава Том Форд, за кого таа работеше во пролетното модно шоу за 2011 година и додава: “Таа зрачи со позитивна енергија и тоа го можат само вистинските ѕвезди. Таа енергија што ја дава Бијонсе се чувствува секогаш кога сте до неа, ја гледате додека е на сцената, ја чувствувате кога пее и кога ќе ве погледне в очи и ќе ви се насмее”. За сопствените модни инспирации пејачката вели: “Ја обожавам Кејт Мос. Мислам дека таа има совршен стил и од секогаш сум им се восхитувала на Викторија Бекам и на Жизел Бундшен. Нивниот стил е модерен, но истовремено секогаш е класичен”. Таа и нејзината најдобра другарка Гвинет Палтроу можат да зборуваат за мода по цели денови, но Бијонсе изјавува: „Нашите најдобри времиња се кога седиме во дневната соба и двете облечени во пижами, со по една чаша вино в раце разговараме на различни животни теми”. За тоа што ја чека за неколку месеци со раѓањето на нејзиното прво дете пејачката вели: „Јас веќе имам изобилство од искуство со чување деца. Често ги чувам децата на мојата сестра Соланж, како и децата на другака ми Гвинет. Многу се забавувам во друштво на деца. Добро е тоа што сум многу трпелива и креативна со нив, па мислам дека тоа многу ќе ми помогне при мајчинството кое ме очекува наскоро”. За Бијонсе семејството е на прво место и таа по 18 часовното работно време, сe уште често знае да одвои време за кратки патувања со сестра и.. „Уште кога Соланж беше бебе јас постојано се грижев за неа, ја шетав, хранев и си играв со неа, па можеби затоа таа ми е слаба точка во семејството и до ден денес сум многу заштитнички настроена кон неа. Мислам дека би можела да полудам од нервоза и да направам лоша ситуација доколку забележам дека некој ја навредува или повредува”. Како и сите останати чекори што Бијонсе ги презема, почнувајќи од лансирањето на парфеми до нејзината филмска улога во проектот на Клинт Иствуд, „Ѕвездата е родена”, така и чекорот кон мајчинството и бил претходно добро испланиран. „Ми беше многу важно да си дадам време во кое ќе се фокусирам на тоа да станам жена каква што од секогаш сум сакала да бидам. Со тоа сакав да си изградам своја империја, свој брак и самопочит пред да станам мајка”, изјавува поп дивата и додава: „Така, дојде денот кога Господ не благослови мене и мојот сопруг”. Како љубовен пар кој многу години наназад беше главна мета на папараците, Бијонсе и Џеј-Зи се многу посветени еден на друг, а воедно и многу добро ја одржуваат врската далеку од будното око на јавноста. Тие често можат да се забележат како среќни јадат пица во Бруклин или пак со јахтата, летно време, крстарат по Медитеранот. „Заедно сме од кога имав 20 години. И двајцата си дадовме доволно време еден за друг во кое развивме, пред се, нераскинливо пријателство, а потоа решивме дека треба да влеземе во брак. Јас се восхитувам на неговата способност да ги инспирира другите. За мене, Џеј е одличен пример за исполнување на американскиот сон. Неговата музика помогна да се дефинира нашата генерација на музичари. Се што тој преживеа и одработи за да успее, на милиони луѓе им дава надеж дека и тие можат да постигнат се што ќе посакаат. Многу го почитувам, тој е фантастичен човек и одличен уметник”. Во еден редок момент на искрено и отворено коментирање на својата љубовна врска Бијонсе изјави: “Три години се фокусиравме на нашиот брак и сфативме дека тој ни донесе уште посилна врска и поврзаност. Сепак како и се останато што е убаво и успешно во животот, така и бракот бара напорна работа на него и многу жртвувања. Бракот успева одлично да функционира само доколку и двајцата сопружници многу го посакуваат тоа. Најдоброто нешто во него е созреаноста која ќе ја почувствувате во себе затоа што повеќе не треба да ги криете своите стравови и несигурности, туку да ги споделите и решите со оној кој е веднаш до вас. Доколку сте со вистинската личност, на површина ќе исплива најдобрата верзија од вас како човек”. Бијонсе, како и нејзината нумера со наслов “Девојките го вртат светот”, е подготвена за новиот животен стадиум и изјавува: “Конечно се наоѓам во животен стадиум кога не сум заинтересирана и загрижена за мислењата на другите во врска со моите животни одлуки. Премногу ме ослободува фактот дека знам што сакам, што навистина ме прави среќна и што е она што нема да го толерирам. Научив дека никој нема обврска да се грижи за мене освен јас самата”. |

